Гламја

Гламја

Око
Јагорида
Поделба на светлината
Возбудата на јадрото
Гламја
Внатрешен сонет
Јабука
По македонските патишта

Нагрнавме по трагата
пајакова,
во боцкави страчкини гнезда бевме
испоначичкани, потприсобрани
под накисната менушка од граор.

Инките на мравјадот пошироки
и полизгави, отсуството на ветрот
требаше да е запоседнато, стинеше,
а кај прелезот, испакнатиот камен

повеќе не беше свртен кон исток.
Требаше побрзо да се протолкува
кафеавата дамка околу коренот,

си што наврапито проблеснуваше,
непрестано се престројуваше,
тонеше во змиулест, воздушен тунел.

АвторСанде Стојчевски
2018-08-21T17:22:11+00:00 февруари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 07|