Бог има милост за деца од градинка,
За ученици милост има – помалку.
Ама за возрасни милост воопшто нема.
Ги напушта,
И понекогаш мораат да ползат на сите четири
Во горештиот песок
За да стасаат до преврзувачката станица
Облеани во крв.
Ама можеби
Ќе има милост за оние кои искрено љубат
И ќе се грижи за нив
И ќе им сени
Небаре дрво над заспан на јавна клупа.
Можеби дури ќе го потрошиме на нив
Нашиот последен кусур нежност
Наследена од мајка.
Та нивната сопствена среќа ќе нè штити
Сега и во други денови.