Совет за добра љубов

/, Блесок бр. 39/Совет за добра љубов

Совет за добра љубов

Човек во својот живот
Станувам многу влакнест
Знам еден човек
Еин Јахав
Засадено паркче
Бог има милост за деца од градинка
Совет за добра љубов
Да заборавиш некого

Паркчето засадено во спомен на момче
кое падна во војната почнува
да личи на него
какво што беше пред дваесет и осум години.
Од година в година сè повеќе си личат.
Неговите стари родители доаѓаат речиси секојдневно
да седнат на клупа
и да го гледаат.

И секоја ноќ споменот во градината
брмчи небаре моторче.
Преку ден не можеш да го чуеш.

АвторЈехуда Амихај
2018-08-21T17:21:35+00:00 декември 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 39|