Совет за добра љубов

/, Блесок бр. 39/Совет за добра љубов

Совет за добра љубов

Човек во својот живот
Станувам многу влакнест
Знам еден човек
Еин Јахав
Засадено паркче
Бог има милост за деца од градинка
Совет за добра љубов
Да заборавиш некого

Совет за добра љубов: Не љуби
ги оние од далеку. Земи си за себе една
од каршија.
Како што чувствителна куќа зема
локални камења за својата градба,
камења кои страдале во истиот студ
и биле шпиртосани од исто сонце.
Земи ја онаа со златен венец
околу нејзините црни зеници, таа
што има извесно знаење
за твојата смрт. Со љубов внатре
во урнатината, небаре црпење мед
од мршата на лавот што Самсон го уби.

И совет за лоша љубов: Со
љубов напуштена
од претходната
направи нова жена за себе,
потем со она што останало од таа жена
направи пак нова љубов,
и продолжи така
сè додека не остане ништо.

АвторЈехуда Амихај
2018-08-21T17:21:35+00:00 декември 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 39|