Совет за добра љубов

/, Блесок бр. 39/Совет за добра љубов

Совет за добра љубов

Човек во својот живот
Станувам многу влакнест
Знам еден човек
Еин Јахав
Засадено паркче
Бог има милост за деца од градинка
Совет за добра љубов
Да заборавиш некого

Бог има милост за деца од градинка,
За ученици милост има – помалку.
Ама за возрасни милост воопшто нема.

Ги напушта,
И понекогаш мораат да ползат на сите четири
Во горештиот песок
За да стасаат до преврзувачката станица
Облеани во крв.

Ама можеби
Ќе има милост за оние кои искрено љубат
И ќе се грижи за нив
И ќе им сени
Небаре дрво над заспан на јавна клупа.
Можеби дури ќе го потрошиме на нив
Нашиот последен кусур нежност
Наследена од мајка.

Та нивната сопствена среќа ќе нè штити
Сега и во други денови.

АвторЈехуда Амихај
2018-08-21T17:21:35+00:00 декември 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 39|