Додека трчам крај Северното Море
со милји далеку татко ми
застанува потпрен врз рачката од мотиката.
Тука сме – значи – вели.
После сè што сторивме за него
господинот трча,
а овде лудилото допрва започнува.
Го засилувам темпото со ветрот
в грб бегам од таа помисла.
Малку подалеку (секогаш подалеку)
еден галеб од песокот
ископа светкави камења.
И сега цупка.
Се чуди.