наутро го галам славејот.
заточен е во хартиен часовник.
или поточно во кафез покриен со крпа.
тој е мој и јас сум негова
направа на навивање.
меѓу нас се јавува солидарност
како меѓу деца кои
на организирано летување
ги изгореле медузи.
на пладне летаме во расцепот на денот,
кон крилата на истопеното сонце.
додека долу земјаните
одат, бегаат и ползат
садат зелка или нешто слично
и во земјата ги забиваат
потсечените колци.
овде секоја песна е ода на Севишниот?
о – да.