Поправање на кармата

/, Блесок бр. 66/Поправање на кармата

Поправање на кармата

Камења
Спомен
Бастун
Оса
Далечина
Портите на Отранто
Rainspotting
Поправање на кармата
Китсовиот славеј

го гледаш неговиот грб
како исчезнува во лозјето.
пред него е една проклето вистинита работа.
во металните канти модра галица
(или нешто слично отровно и полезно.)
околу него ридови, хумус, камења
и сето останато што создава
еден смирен и опиплив предел.
а ти – сè што си изодел
си изодел за да се прибереш.
и сега се тргаш пред секоја лоза
божем е некое паганско божество
кое некој некогаш одамна
баш тука го закопал.
малку пониско, во аголот на сликата,
тој одеднаш се исправа
и постила голема, груба церада.
небото над него си ги мазни
своите белосветски мустаќи.
и дури тогаш прозборува
– ќе врне.

2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|