Поправање на кармата

/, Блесок бр. 66/Поправање на кармата

Поправање на кармата

Камења
Спомен
Бастун
Оса
Далечина
Портите на Отранто
Rainspotting
Поправање на кармата
Китсовиот славеј

Превод од хрватски: И. Исаковски

Секогаш тие камења.
Повеќе и не им го контролирам летот.
Со измавана глава јадам, работам,
околу мене гргори сув бес.
Камења од опсади, камења на поети,
библиски камења, камења од острови,
(и други камења) плуска по скалила,
низ паркови, по лицата на потомствата.
И иако во нив нема ништо,
ништо од травертин, волја, минерали
(ништо освен самите камења),
тие сеедно ме засипуваат.
Тврдо, второкласно сечиво
пред кое и ангелот се сведнува.

2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|