Поправање на кармата

/, Блесок бр. 66/Поправање на кармата

Поправање на кармата

Камења
Спомен
Бастун
Оса
Далечина
Портите на Отранто
Rainspotting
Поправање на кармата
Китсовиот славеј

Неупотребената слика најтешко ме напушта.
Една оса удира во ѕидот на рибарницата,
оса која не можам да ја сместам, па и’ велам:
сопрена, биди моја лична оса.
Од ударот ќе направиме панегирик,
од ѕидот раб на феноменален свет
пред кој зјае потрошеното назад
додека тој самиот неминливост е банална
како раната за која читавме
од убодот на некои други, во осаменоста
во која сме ги запоставиле.
Не оставај ме сега, затоа, сега
зашто само заедно ќе ни ја простат
оваа болест која не се пренесува.

2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|