Не се мешам во животите на моите соседи

/, Блесок бр. 86/Не се мешам во животите на моите соседи

Не се мешам во животите на моите соседи

Душата е Африка
1948
Крушите чекорат наназад
Антарктик
Плафонот одлета
Денеска
ЗаменА
Домашни билки

Не можеш да живееш без умешноста на замената.
Калта ја заменува водата и така расне шумата.
Да се замениш себеси значи да престанеш да живееш:
повторно ја губам љубовта, повторно купувам куче.

Вака, имам повеќе од едно куче
и повеќе од една куќа, да не зборам за чадори.
Како можам да живеам; ќе најдам ли друга љубов?
Кога секое нешто би можело да биде замена.

Очите на новото куче се залепени за мене
небаре не е можно да се одделиме или напуштиме.
Имам пријателка која 24 часа го чекаше возот на својот љубовник
додека светот и натаму го одбројуваше своето време.

Куќите се кралски за себе додека не се урнат.
Сега сфаќам зошто оние кои веруваат во лаги умираат за својата религија.
Кој и да мисли така, никогаш нема да напредува во умешноста на замената.
Си велам: пружи го стапалото напред кон невозможното.

АвторНурит Зархи
2018-08-21T17:20:52+00:00 ноември 6th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 86|