Не се мешам во животите на моите соседи

/, Блесок бр. 86/Не се мешам во животите на моите соседи

Не се мешам во животите на моите соседи

Душата е Африка
1948
Крушите чекорат наназад
Антарктик
Плафонот одлета
Денеска
ЗаменА
Домашни билки

Денеска сакав да купам чевли, човек треба да води сметка за себе:
сè зависи од тоа. Иако ми е тешко да верувам во тоа,
секоја минувач на улицата
е гладен и гол под капутот на грижите,
секој од нив е ветерница чии перки бесконечно се вртат околу себе.
Гледај како дабрите ги градат своите брани со своите мали раце,
нивните усни безгласно се мрдаат над водата небаре бројат пари или се молат.
Гледај го финансискиот балет на пчелите –
врел од сонце и нектар, ситни раздвижени коверти во поштата на гладот.
Земјата брмчи и танцува како зовриена чорба.
Уморна, сакам да седнам на работ од светот, да почнам штрајк.
Но продолжувам натаму за никој да не ја види
кусата оддалеченост помеѓу мене и бескуќните,
помеѓу нив и процепот на подот, разделник потенок од кожа.
Зашто, само тие имаат поголема мечта или насетување на иднината.
Внимавај, Нурит, си велам,
само мртвите имаат помалку можност да водат сметка за себе,
а можеш да замислиш како изгледаат кога се отстранети,
бавно или бргу, како заметени лисја, или трепки
кои се затвораат во недостаток на талент за живот.

АвторНурит Зархи
2018-08-21T17:20:52+00:00 ноември 6th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 86|