Не се мешам во животите на моите соседи

/, Блесок бр. 86/Не се мешам во животите на моите соседи

Не се мешам во животите на моите соседи

Душата е Африка
1948
Крушите чекорат наназад
Антарктик
Плафонот одлета
Денеска
ЗаменА
Домашни билки

Девојчето во камената куќа погледна нагоре
и виде како плафонот се оддалечува
секој ден сè повеќе.
„Грешка е“, рече мајката.
Но плафонот одлета.
„Зошто си овде?“ девојчето го праша небото кое влегуваше,
со рабови дамкосани од вечност.
„Тргни се од светлината“, рекоа небесните плетачки,
„поради тебе загубивме котелец во ткаенината на самотијата.“
И го турнаа девојчето во дупката на ништото.
„Го видовте ли плафонот?“ ги праша девојчето галопирачките коњи со зачадени ноздри.
„Тргни се од патот, не нè пушташ да ја отпетламе далечината.“
И ја турнаа во устата на дождот. Таму стоеше плафонот.
„Што правиш овде? Погреши кога одлета“, рече девојчето.
„Хоризонтот е замислена илузија“, рече плафонот.
„Грешиш ако мислиш дека плафон може да мисли“, рече девојчето.
Исто така, грешка е на девојче да му се дозволи да види плафон како лета.
„Како некој кој мрази замислени илузии, јас не сум девојче“, рече таа, и го повлече плафонот надолу.
Дома, мајка ѝ рече, „Облечи го плафонот во џемперот што му го сплетов.“
„Грешиш ако мислиш“, рече девојчето, „дека можеш да ги облечеш раните на осаменоста.“

АвторНурит Зархи
2018-08-21T17:20:52+00:00 ноември 6th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 86|