Не се мешам во животите на моите соседи

/, Блесок бр. 86/Не се мешам во животите на моите соседи

Не се мешам во животите на моите соседи

Душата е Африка
1948
Крушите чекорат наназад
Антарктик
Плафонот одлета
Денеска
ЗаменА
Домашни билки

Во куќата небаре како во солза
мајката седи на стол, безочна, свртена кон девојчето.
Бабата е спружена на подот,
устата ѝ се отвора и затвора како уста на риба.

Надвор копаат ровови, во 1948.
Оние зад куќата можеби засекогаш ќе бидат загубени.
Девојчето прашува дали може да оди да си игра надвор.
Мајката и бабата кимаат со согласност
без да помислат дека девојчето би можело да исчезне во некоја дупка.

Девојчето не знае кој плаче најсилно.
За миг, бабата ќе ја снема
под темнината на столот.

Цвеќиња, прекрасни цвеќиња! извикува човекот со подвижна тезга на улицата.
Извикот го скусува плачот, девојчето гледа
како во собата зјапнува тунел
како што се одвојувало морето пред нејзините предци.

Ако не ми купиш гладиола, ќе застанам зад заклучената врата
и ќе врескам. Девојчето се исправа. Што сака, меч?
Во тој момент, го уби времето. Бабата и мајката седат
како статуи.

АвторНурит Зархи
2018-08-21T17:20:52+00:00 ноември 6th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 86|