Не се мешам во животите на моите соседи

/, Блесок бр. 86/Не се мешам во животите на моите соседи

Не се мешам во животите на моите соседи

Душата е Африка
1948
Крушите чекорат наназад
Антарктик
Плафонот одлета
Денеска
ЗаменА
Домашни билки

Не се мешам во животите на моите соседи
и тие не се мешаат во мојот.
На линијата Мажино од утринските скали,
ги сретнувам близнаците. Нивните коси во опаши
сведочат дека се регрутирани во детската војска.
Под нивните настрвени трепки, во нивните далечни, исплашени погледи,
си го гледам одразот,
стара вештерка од долниот кат,
небаре в раце ја држам мистеријата на животот.
Да се биде на моја возраст значи да се знае
дека староста повеќе или помалку се состои во
копнеење,
а она што нè одделува е создадено од истата замислена материја
од која е направено себството.

Сосетката збивта качувајќи се по скалите, одбива
да ѝ ги земам торбите.
Дури и вакво нешто би ја довело
во ќорсокак, ако се разболам, или ако ми затреба лимон или брашно.
Здраво, зборот не продира низ музиката
набиена во ушите на тинејџерката,
туку ја крева право кон нејзиниот прекрасен живот.

Добро утро, Марсела, добра вечер,
новата сосетка влезе во својот стан
и оттогаш ја нема затворено вратата. Нејзината птичја глава
се ниша на врвот од нејзиното високо тело.
Таа не знае дека јас знам дека таа знае
дека не постои такво нешто кое затворената врата ќе го сопре
од влегување или заминување.

АвторНурит Зархи
2018-08-21T17:20:52+00:00 ноември 6th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 86|