Како мирисаат книгите

/, Блесок бр. 37/Како мирисаат книгите

Како мирисаат книгите

На меѓународната линија Минхен – Солун
Пишување
Огледалото на бродоломникот според песната ГРАД на Констанин Кавафис
Оправдание
Инфинитиви
Молчење
За заборавот
Загубени ракописи
Како мирисаат книгите

Да се нема поим за утрешнина.
Да се биде неупатен во историски факти,
а, пак, да се знае колку Црногорци
загинале во балканските војни.
Да се цитира малку познат хиспаноамерикански писател.
Да се разговара со поранешен криминалец за измами.
И за историја на уметност.
Да се даде гол на безначаен натпревар
на игралиште на јужната периферија.
Да се остане сам дома
во време на големи градски маскенбали.
Да се живее во провинција,
оттаму да се преживува светската болка.
Да се види раскошот на православните манастири.
Несебично да им се понудат на другите
изворите на личниот патос.
Да се има некој покрај себе.

Сето тоа, како и количникот на останатите важни
и неважни нешта, веројатно не е
ни приближно доволно за спасение.

АвторПавле Горановиќ
2018-08-21T17:21:36+00:00 јули 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 37|