Како мирисаат книгите

/, Блесок бр. 37/Како мирисаат книгите

Како мирисаат книгите

На меѓународната линија Минхен – Солун
Пишување
Огледалото на бродоломникот според песната ГРАД на Констанин Кавафис
Оправдание
Инфинитиви
Молчење
За заборавот
Загубени ракописи
Како мирисаат книгите

сега станува збор. Кога понекогаш ќе се јави, ми создава нелагода.
Не помнам одделни датуми и случувања, движења,
максими, договори… Трае со должина која обично
не може да се мери со стихови. А сепак, почесто
се молам да постои, да ја прекрие наметнатата горчина.
Ете, го заборавив шпанското име за среќа
и панданот на нашиот збор – тишина. Содржините на трилерите
ги заборавам: слободно можете да ми подметнете
поинакви заплети. За миг не можам да се сетам на вкусот на
чај од нане или на ориз. Заборавам колку пати сум сонувал
инсекти што одат по постелата. (Дали јас тоа сè помалку работи
сместувам во сеќавањето?) Така го заборавив и начинот
на кој Ото Вајнингер одлучил да го надмине животот.
Постоењето на заборавот, сепак, го олеснува секојдневното траење.
Со таков заборав стекнувам услови за престој во стварноста;
со потсетувањето, веќе, одново создавам поезија.
Од случај до случај – го празнувам заборавот.

АвторПавле Горановиќ
2018-08-21T17:21:36+00:00 јули 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 37|