Како мирисаат книгите

/, Блесок бр. 37/Како мирисаат книгите

Како мирисаат книгите

На меѓународната линија Минхен – Солун
Пишување
Огледалото на бродоломникот според песната ГРАД на Констанин Кавафис
Оправдание
Инфинитиви
Молчење
За заборавот
Загубени ракописи
Како мирисаат книгите

За секоја книга има по еден мирис,
мирис кој се изедначува со значењето.
Или со првото доживување на таа книга.
Како тогаш мирисаат книгите –
на правливите полици,
во заборавените домашни библиотеки,
непрофитните книжарници на главниот град?
Како мирисаат книгите на нобеловците?

Книгите на старите мајстори мирисаат на пергаменти,
на они страници кои исчезнале – можеби и
ги нема кога ќе ги отвориме бледите корици.
Нивните книги се сведени на жолти листови.
Книгите на скрибоманите мирисаат на маките на печатарските
работници. На работничките универзитети – книгите
немаат мириси, обично се црвени и недопрени.

Како мирисаат книгите на моите пријатели?
Како мирисаат светските бестселери, готвачите,
прирачниците, упатствата за подобра концентрација?
(Не ги сакам книгите во кои се чувствува чад:
тука веќе се измешани пороците.) Како мирисаат
светите книги, на сите јазици на светот?
Како мирисаат на изумрените јазици?
Книгите на паганите се свртени кон сонцето,
затоа ги губат својствата кога ќе им се доближиме.

Ниеден мирис не е безопасен.
Сопственоста на книгољупците не потсетува
на ниеден мирис,
на ниедна книга, впрочем.
Напуштените книги во канцелариите
мирисаат на стари сликарски платна.

Најчудесно мирисат книгите во
аргентинската Национална библиотека,
и тоа оние набавени после 1955. година.
Не знам како мирисаат книгите
на затворениците, веројатно на влажни ѕидови
и минато. Како мирисаат собраните дела на класиците?
Како мирисаат книгите кои му се вратени
на Кнут Хамсун? Неговите книги како мирисаат?

Го чувам мирисот на една книга,
скапоцен како знаењето на германскиот јазик.

од истоимената е-книга

АвторПавле Горановиќ
2018-08-21T17:21:36+00:00 јули 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 37|