Како мирисаат книгите

/, Блесок бр. 37/Како мирисаат книгите

Како мирисаат книгите

На меѓународната линија Минхен – Солун
Пишување
Огледалото на бродоломникот според песната ГРАД на Констанин Кавафис
Оправдание
Инфинитиви
Молчење
За заборавот
Загубени ракописи
Како мирисаат книгите

IV

Веќе одамна ги подготвувам состојките за сопствената
кукута. Не се одрекувам од ниеден детал;
не се откажувам – иако е тешко да се навикнеш
на монотонијата на говорот. Така секој фрагмент има
своја улога и им одговара на различни временски рамки.
Веќе одамна уживам во секое делче
на подготвениот отров. Додуша, многумина сакаат
тој чин да го наречат пишување поезија.
Некои префрлуваат дека слушнале веќе познати зборови.
Но, јас продолжував да ја наслушнувам тишината,
за да се уверам дека пак се цитирани мртви поети.
Се покажа, конечно, дека нема никаков потоп,
дека останале затворени книгите со слики,
каде слепите луѓе ја тражат смислата на постоењето на огледалата.
Единствено што сакам е да го смалам воодушевувањето,
при зачестените погледи во дното на испиените пехари.
И тоа затоа што секој поглед е упатен во конечниот
допир на светот. Велат дека самураите пред сепукуто
оставале проштални песни. Токму сега,
додека се повлекува денот, размислувам за тоа
дека секоја песна, всушност, е песна пред смрт,
дека секој обид на толкување на огледалата е – сепуку.

АвторПавле Горановиќ
2018-08-21T17:21:36+00:00 јули 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 37|