Како мирисаат книгите

/, Блесок бр. 37/Како мирисаат книгите

Како мирисаат книгите

На меѓународната линија Минхен – Солун
Пишување
Огледалото на бродоломникот според песната ГРАД на Констанин Кавафис
Оправдание
Инфинитиви
Молчење
За заборавот
Загубени ракописи
Како мирисаат книгите

Повторно мислам во стихови,
соопштувам зборови на кои не сум им виновен.
Го прифаќам секое соучесништво предизвикано од пишување.
Со пишување врз отвореното, под отворено небо,
врз очајот и болеста, а со иста страст.
За спас секое пишување.
Врз камен, врз затворено и врз непознато,
иако сите зборови се еднакво познати.
Пишување врз сите годишни доба,
апокрифите, врз веќе освоените знаци.
И врз сите меридијани,
пишување врз рабовите, опасно пишување.
И она поради ништо – кое е, пак, секое пишување.
Врз километрите на кои осамени
размислуваме како да ја завршиме празнината на хартијата,
како да го допишеме светот.
За спас нека се и паузите меѓу пишувањето.
По веќе испишаните листови,
пишување на првите редови на следната песна…

Волшебството на создавањето. Создавање на заводливото.
Пишување –
Секогаш взалудно витештво.

АвторПавле Горановиќ
2018-08-21T17:21:36+00:00 јули 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 37|