Павле Горановиќ

/Павле Горановиќ
Павле Горановиќ 2018-08-21T17:17:53+00:00

Project Description

Павле Горановиќ е роден 1973 година во Никшиќ, Црна Гора. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет. Пишува поезија, проза и книжевна критика. Уредник е во списанието за книжевност, култура и општествени прашања АРС.

Ги објавил книгите поезија: Орнаментика на ноќта (1994), Читање на тишината (1997), Книга на привиди (2002), Како мирисаат книгите (избор од поезијата, Загреб, 2009) и Цинобер (2009). Автор е на повеќе избори од современата црногорска книжевност во странски списанија, како и на книжевно-историската монографија Тин Ујевиќ и Црна Гора (2008).

Преведуван е на повеќе јазици (англиски, италијански, француски, словенечки, словачки, македонски, полски, шведски, албански, хебрејски…). Застапен е во бројни антологии на црногорската и бившо-југословенската поезија и расказ, како и во антологијата “New european poets” (Graywolf Press, САД, 2008).

Како посебни изданија, објавени се книгите Knjiga prividov (Апокалипса, Љубљана, 2009) и Доаѓаат ангелите на рамнодушноста (Блесок, Скопје, 2009), избор од поезијата.

Добитник е на наградата Ристо Ратковиќ за најдобра поетска книга во 2009 година.

Related Articles