Ноќните дождови ги мијат асфалтните змејови,
остатоци од водата собрани во барички
а во четири наутро јазикот на митот
го допира работ од тротоарот.
На ова место огнови наскоро ќе еруптираат од гркланот
а улица ќе се сврти против улица.
Црвеното светло ќе биде светлината од хартиен лустер
а славеите од кинеските легенди ќе навалат врз утрешните
единствено, помеѓу срцевите камења
(на оној кој може да се вљуби
во точката која се шири
помеѓу крајбрежните рамнини на нокотот и прстите на девојката
која едвај ја познава) розово смрзнатата ноќ
на воздушниот нарцис ќе процвета.