Асфалтни змејови

/, Блесок бр. 76/Асфалтни змејови

Асфалтни змејови

Бакнеж
Страст
Срча
Пиратска љубовна песна
Сонет за воздушниот нарцис
Сончев сонет
Летен сонет
Асфалт. Носталгична песна
Блуз за животот што речиси беше мој

Нема да врне денеска
а усните на Земјата како усни на конкубина
нема да бидат навлажнети од украден бакнеж.
Денеска сонцето ќе дојде да ги погали подножјата на ридовите,
на врвот од стапот ќе прошепоти приспивна
за заспаното глуварче
и ќе откине парче ’рѓа од командниот знак
на ѕидот од воената база
каде што свети мојата ќерка.
Денеска љубовта ќе се лизне
како банана низ грлото на светот
а нејзината лушпа фрлена меѓу ѕвездите
ќе биде закачена врз мојата глава
како лична месечина.

2018-08-21T17:20:59+00:00 март 1st, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 76|