Асфалтни змејови

/, Блесок бр. 76/Асфалтни змејови

Асфалтни змејови

Бакнеж
Страст
Срча
Пиратска љубовна песна
Сонет за воздушниот нарцис
Сончев сонет
Летен сонет
Асфалт. Носталгична песна
Блуз за животот што речиси беше мој

Роден сум во Вирџинија. Од таткото што ме посвои, судија чии пресуди
беа оцрнети од подмитувања, научив да џвакам тутун и да го досегнам местото
каде што завршува ’рбетот на девојките.
Една ноќ ги украдов клучевите од шевролетот и отидов
во Атланта. Живеев во колата, и ноќе, на задното седиште,
ги диплев алиштата како перница. Еднаш, кога ме фатија
како уринирам крај тркалата и ме казнија со 50 долари,
му реков на судијата дека небото е таван а задниот браник е тоалет.
Еден ден мојот законски татко се појави во ресторанот кај што работев. Ме погледна,
а јас ги сошив очите со магичната игла што секогаш ја чував
во џебот на мојот копнеж,
доколку приказнава не беше вистинита, можеше да се напика
во некоја песна на Џони Кеш, но јас, којшто ги миев забите
петпати дневно за да ги отстранам дамките од тутун, ги изблув
сите Џони Кешовци во истиот сад во којшто ја изблув и Вирџинија.
”Where will the bomb fall” пее Роџер Вотерс од касетофонот
а јас почнувам да разбирам дека никој не може да го избрише од сеќавањата
пиштолот што мојот посвоен татко го чуваше во фиоката.
Ниеден облак не се затемни
ниту падна
врз песнава. Тогаш бев
филозоф за ставањето кафе
миг во мотел
каде што русокосата келнерка сака
да се удави со тебе во куп шеќер.
Зошто носиш градник, еднаш прашав некоја ваква,
а таа рече дека нејзините гради, како и мојот живот, се тупаница
што е подобро да е скриена во ракавица.

P.S. Блуз за вистинскиот живот

Не сум роден во Вирџинија. Мојот татко беше тивок катинар на
вратата од неговите усни,
сè од неговата смрт го следам на задните седишта
на автобусот бр.61.
Сеќавањето запира на постојките, ја отвора вратата,
ѕвони со ѕвончето и се клати кога нема место за седење.
Под неговите тркала чука асфалтното срце
а од под опачината на тротоарите
продолжително ми ги камшикува петиците како со шиба.

2018-08-21T17:20:59+00:00 март 1st, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 76|