Превод од англиски: Игор Исаковски
од „Асфалтни змејови“, Блесок, 2011
Високите потпетици ги измислила девојка
која секогаш ја бакнувале в чело.
Оттогаш челото сјае како паста за чевли
а четката на веѓите не го спречува сјајот
на очниот електрицитет по бомбардирањето
на рудниците зад усните.
Се сеќавам на првиот бакнеж, под лимоновото дрво кое беше чисто
од лисја. Некој ни кажа дека ако ги триеме забите
со лист, мирисот на цигари ќе се избрише.
Тогаш маглата имаше тенки прсти. Градскиот врат
беше широк, одбиваше давење а девојката која ја посакував
не знаеше дека лимоновиот мирис меѓу забите и јазикот
се беше раширил во мечтата на салатата од нејзиното лице.