Ако ги исечеш морските бранови со ножици
Ќе најдеш само вода
И реликвиите од феникискиот брод
Каде што одамна седев со многуте робови.
Камшикот што ми го удираше грбот
беше направен според твојата дланка,
а гласот што заповедаше веслај! веслај! беше остар како секира
Сакав Љубовта да се виори како черепот на црното знаме
на пиратскиот брод.
Нешто брзо,
нешто искорнато од моето тело.