Толку малку

Толку малку

Надеж
Песна за крајот на векот
Ars poetica?
Не повеќе
Толку малку
Значење
Царот Константин

Кога сè беше добро
А беше исчезнал поимот за грев
И земјата беше подготвена
За сеопшт мир
Да го троши и да се радува
Без верби и утопии,

Јас, пак, поради незнајни причини,
Заобиколен од книги
На пророци и теолози,
На филозофи, поети,
Сè уште барав одговор,
Муртејќи се, правејќи гримаси,
Будејќи се ноќе, мрморејќи в зори.

Од она што толку ме притискаше
Ми беше малку срамотно.
А да се зборува за тоа гласно
Не би било ни тактично ни разумно.
Би можело да изгледа и како злостор
Против здравјето на човештвото.

За жал, споменот
Нејќе да ме напушти
А во него, ни живите суштества,
Секое со својата болка,
Секое со своето умирање,
Со своја растрепереност.

Зошто тогаш е невиноста
На рајските плажи,
А небото беспрекорно
Над црквата од хигиена?
Дали е затоа што
Било толку одамна?

На некој свет човек
– Како што вели една арапска сказна –
Господ му рекол малку злобно:
„Да им откриев на луѓето
Колку си голем грешник,
Немаше ни да те фалат.“

„А јас, пак,“ одговорил набожниот,
„Да им разоткриев
Колку си милосрден,
Не би те ни фермале.“

Кон кого да се свртам
Со оној настан толку темен
На болка а и на вина
Во градбата на светот,
Ако ни овде долу
А ни таму горе високо
Нема моќ што ќе ја укине
Причината и последицата?

Не мисли, не помни ја
Смртта на крстот,
Иако секој ден Тој умира,
Единствениот, Кој-љуби-сè,
Кој без некоја потреба
Се согласи и дозволи
Да постои сè што е,
Сосе ноктите за тормозење.

Целосно загадочно.
Неможно замрсено.
Подобро ни збор повеќе.
Овој јазик не е за луѓе.
Блажено да е славењето.
Гроздоберите и жетвите.
Макар и не секому
Да му се дари спокојство.

Беркли

АвторЧеслав Милош
2018-08-21T17:21:36+00:00 септември 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 38|