Толку малку

Толку малку

Надеж
Песна за крајот на векот
Ars poetica?
Не повеќе
Толку малку
Значење
Царот Константин

– Кога ќе умрам, ќе ја видам поставата на светов.
Другата страна, отаде птицата, планината, залезот.
Вистинското значење, готово да се дешифрира.
Што не е собрано, ќе се собере,
Што било несфатливо ќе биде сфатено.
– А ако нема постава на светов?
Ако дроздот на гранка не е знак,
Туку само дрозд на гранка? Ако не значи ништо
Што ноќта и денот одат едно-по-друго?
А на земјава да нема ништо освен оваа земја?
– Дури и да е така, ќе остане
Зборот разбуден на усни што се гасат,
Гласникот неуморен кој трча ли трча
Низ меѓуѕвездни полиња, галаксии што се вртат,
И вика, протестира, писка.

Беркли, 1988

(Од англискиот превод на авторот и Роберт Хас: Богомил Ѓузел)

АвторЧеслав Милош
2018-08-21T17:21:36+00:00 септември 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 38|