Толку малку

Толку малку

Надеж
Песна за крајот на векот
Ars poetica?
Не повеќе
Толку малку
Значење
Царот Константин

Надежта е со тебе кога веруваш
Дека земјата не е сон туку живо ткиво,
Дека погледот, допирот и слухот не мамат,
Дека се сите нешта кои овде си ги видел
Како градина погледната од портата.

Не можеш да влезеш. Но сигурен си таму е.
Да можеме да погледнеме појасно и помудро
Можеби некаде во градината ќе откриеме
Чуден нов цвет и неименувана ѕвезда.

Некои велат не требало на очите да си веруваме,
Дека немало ништо, само привид,
Тоа се оние без надеж.
Мислат, во мигот штом се свртиме,
Светот, зад нашите грбови, престанува да постои,
Како да е грабнат од рацете на крадците.

Прев. И. Исаковски

АвторЧеслав Милош
2018-08-21T17:21:36+00:00 септември 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 38|