Смртта на планината

/, Блесок бр. 12/Смртта на планината

Смртта на планината

Огласување височина
Смртта на планината
Прометеј
Амајлија
Сеач. Цвет

Низ нивата насадена со прашања
одговарав како пред врховен судија,
сосема ретко сум осамен
од спротива секогаш сум Сам.

Одговорите ја изораа
таа стана плодна,
по неа раката почна
разни прикази да врежува.
Не бегам и од болести не се плашам,
тие кога ќе ме видат
го вкочануваат погледот ко фрески,
крварат во сите престапни години.

Наутро петлова глава химна пее.
телото мое влечено од змии плуг е
што земјата ја сече,
нови прашања нека повлече.

Деснава рака бич што замавнува
сознанието го овозможувам,
но веќе со левата во штитот го собирам
не сакам никогаш докрај да го откријам.

Кога во ноќта се спуштам
мојата нива станува Амајлија,
ја стискам ја гушкам
во неа исчезнувам.

АвторЈанко Нинов
2018-08-21T17:22:06+00:00 јануари 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 12|