Смртта на планината

/, Блесок бр. 12/Смртта на планината

Смртта на планината

Огласување височина
Смртта на планината
Прометеј
Амајлија
Сеач. Цвет

Одејќи на пат во себе ја замислив
страшната смрт на планината,
та кога стигнав ја дознав вистината,
која по пат во јак облик веќе ја смислив.

Во црн памук облечени
почнаа да редат мажи,
таа мртва храброст ја гледам
и зошто ли заборавиле се чудам
во овие доцни часови кога не пеат петли
со бубаќ да ги исполнат нејните дупки.
Та од таа темнина на смртта

можеби смрт нова се раѓа.
Се прелагав. Модри шуми потекоа
од Планини и Потопија со Планини.

АвторЈанко Нинов
2018-08-21T17:22:06+00:00 јануари 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 12|