Смртта на планината

/, Блесок бр. 12/Смртта на планината

Смртта на планината

Огласување височина
Смртта на планината
Прометеј
Амајлија
Сеач. Цвет

никогаш не знам
кога ќе изгрее сонцето
та така талкам
низ пустини
натоварен
со пофалби и поплаки

го украдов огнот
им го подарив на луѓето
и само за миг
почувствував страв

тогаш наместо в Тартар
Силна Песна ми запеа
Првиот Петел
во мугрите ме обли спас
оти пред мене
Изгреа Планина
за мене

АвторЈанко Нинов
2018-08-21T17:22:06+00:00 јануари 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 12|