Саемски ден

Саемски ден

Bossa nova
Заминувањето на малите адмирали
Зборувај ми
Саемски ден
Склоност
Чирак

Тие спијат на доковите
И мочаат во пристаништето
Но не ќе се качат
(Освен можеби на траектот за Супетар)
Премногу добри филмови
И лоши начини човек да се забави
И погубното влијание на книжевноста
Момчето нам ќе ни ги скрши коските
Долу во некој парк
Оваа нежност провоцира

Тие живеат во пристанишните раце
Пружени во бегство
Моите пријатели
Стари птички
Продаваат магла купуваат чад
Незавршени студенти довршени деца
Девојчиња во години

Ги испраќам наутро в кревет
Потоа ритуалот на кафето
И молкот леплив дрдорлив како локум

Се јавуваат во извесни растојанија
Се случуваат секој ден
Во неизвесни околности
Како повик на помош (на полноќ)

Ангели се кои ме креваат и спуштаат
На трапез
Џуџиња кои ме одвлекуваат во крчми
Крилести риби безработници кловнови
Мојата неизлечива склоност
Колекционерски гледано
Настрана

АвторОља Савичевиќ-Иванчевиќ
2018-08-21T17:21:22+00:00 октомври 7th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 50|