Саемски ден

Саемски ден

Bossa nova
Заминувањето на малите адмирали
Зборувај ми
Саемски ден
Склоност
Чирак

Толку свила се одмотува
Под мојата кожа постојано
Што старателите мораа да ме засолнат
Во тој храм на шаолини, меѓу крчмарското свештенство
Тука, рекоа, малечка
Ќе учиш да пишуваш со ногата по ветрот
И со ветрот по градските мориња
Ќе ја изучиш вештината
На фрлање летачки моливчиња
(Со затворени очи да одврзеш папок
И расечеш брадавица)

Видов како пеат и љубат лудите учители
Како прескокнуваат преку липата и водната кула
Понекогаш поднапиени трчаат крај ѕидовите на куќите
Но наутро трезно ги метат своите голи соби
Нежно ги облекуваат своите голи жени и момчиња
Го врзуваат она што останало од косата
Во перчин реченици
И лебдат над светите тастатури

Првата лекција ја научив од домаќинство
Ја спакував сета свила во бали
Како во мал дуќан за метража
Ми требаа триесет години
Уште толку ќе ми требаат
Да ги распределам копчињата зборовите
И сите тие апликации

Се плашам, во меѓувреме,
Ќе остарат учителите, ќе ги испушат своите лулиња на верба
А со нив и храброста и мудроста
Страв ми е што ќе се случи со нивните коски по читанките
Тука никој жив веќе нема да може
Да состави поет

АвторОља Савичевиќ-Иванчевиќ
2018-08-21T17:21:22+00:00 октомври 7th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 50|