Саемски ден

Саемски ден

Bossa nova
Заминувањето на малите адмирали
Зборувај ми
Саемски ден
Склоност
Чирак

ма не ми треба никој да ме слуша
дојди и зборувај ми и ако сакаш гали ми ја косата
таксистите се веќе уморни од моето бесцелно возење
јас кружам и кружам низ градот барајќи голема љубов
сите се досадни, досадни а јас демнам зината над празнината
ми треба вистински текст изговори го зборувај ми
дојди и зборувај ми не ми треба мене некој исповедник
ни рамо ни уво само уста која зборува
како секој збор да го бакнува пред да го пушти
камионџиите се уморни ме возат ноќе
мојот копнеж е опасен товар дива самотија
ги ширам своите меѓуградски чакри во потрага по тебе
може да се случи да се разминеме на семафор
и во тој случај ќе го следам твојот глас кој го изговара вистинскиот текст
ќе те следам сè додека не треснеш со вратата од автомобилот
и не ме прашаш: што сакаш?

АвторОља Савичевиќ-Иванчевиќ
2018-08-21T17:21:22+00:00 октомври 7th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 50|