Оља Савичевиќ-Иванчевиќ

/Оља Савичевиќ-Иванчевиќ
Оља Савичевиќ-Иванчевиќ 2018-08-21T17:17:57+00:00

Project Description

Оља Савичевиќ Иванчевиќ е родена на 16 септември 1974 во Сплит. Дипломирала Хрватски јазик и книжевност на универзитетот за општествени науки во Задар. Во моментов завршува со пост-дипломските студии. Пишува поезија, куса проза, есеи, книжевна критика. Уредник е на бројни книжевни алманаси, како и на хрватскиот дел од антологијата На третиот плоштад која претставува млади автори од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора.
За својата поезија и за своите раскази е наградувана уште од детството: нејзината прва книга поезија Ќе биде страшно кога ќе пораснам е објавена кога имала само четиринаесет години. Потоа објавила уште две збирки поезија, Засекогаш деца (1993) и Женско писмо (1999).
Првата книга раскази Да се насмее песот (2006) е наградена како необјавен ракопис на автор помлад од триесет и пет години.
Наскоро планира да ја објави збирката Sondtrаck за слепи патници. Некои од песните ѝ се преведени на англиски, македонски, словенечки, словачки и чешки.

Related Articles