Саемски ден

Саемски ден

Bossa nova
Заминувањето на малите адмирали
Зборувај ми
Саемски ден
Склоност
Чирак

превод: Игор Исаковски

Нека летото трепери пред вратата
Не отворај му нека пукне од желба
Ние ќе се смееме голи и црни
Ќе ги пробуваме госпоѓините фустани
Ќе танцуваме цел ден, девојче
Крај стариот грамофон
Мрзеливо како мачки
На прсти на петици свртување
Твоите раце се во воздух
Моите раце се на половината
Нè довикуваат морнарите под прозорецот
Тие ги знаат нашите имиња
Ти си Мармалад од Слива
Јас од Горчлив Портокал.

АвторОља Савичевиќ-Иванчевиќ
2018-08-21T17:21:22+00:00 октомври 7th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 50|