По војна

По војна

Насетувања
Воз во снегот
Куфер
Шаблони
Верба
По војна

Попладниња. Ќерките се враќаат дома. Пак се доселуваат.
Верувам во ова.

Верувам во псалмот на чешмите што течат,
во вратите што ги фаќаат, во гатачката на ТВ.
Верувам во црквата на нашето битие, двата пара раце
нежни и кршливи како ангелски крилја.
Верувам во доказот за првата менструација,
крвавите влошки свиткани во корпата за ѓубре.
Верувам во трагите од шминка на огледалото
и во одразите што се одделуваат од него.
Верувам заробен во пранги од копнеж, дека
со време ќе се отковаме. Верувам во долината на тишината.
Верувам во реките од љубов кои нè носат дома.

Боже, потсети нè на ова.

АвторТим Филипс
2018-08-21T17:21:31+00:00 јули 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 43|