По војна

По војна

Насетувања
Воз во снегот
Куфер
Шаблони
Верба
По војна

Во тврд кафен куфер ги спакува штракаталците
Од исушени митровденчиња, повит и ралица.
Ги здипли пердињата од сонце.
Ги зеде розовите очила низ кои го гледаше
Своето друго јас и долгиот бежов
Фустан што го завитка откривањето на една жена.
Под капакот зароби песни од ЦД-ата
Што свиреа и брзо ги покри со кожата
Одрана од неговиот последен поглед на тоа место.
Ги заклучи катанците над прстите од сончевина,
Потем клекна, со образот на тврдата површина,
Го слушаше мрморењето од внатре, работата
На спомените, вешти како пчели во кошница.

АвторТим Филипс
2018-08-21T17:21:31+00:00 јули 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 43|