По војна

По војна

Насетувања
Воз во снегот
Куфер
Шаблони
Верба
По војна

Во ова малечко одморалиште нема затоплени
черепи на куќи, нема тераси од гробови,
само редови од бранови што доаѓаат во недела наутро,
неговата обична тишина за нарушени животи,
и многуте хотели што чекаат.

Под палмите до водата, еден зет,
се разбира, најчесто висок, и невеста, во бел
облак од свила, чиста и страсен како водопад,
парадираат меѓу своите гости на априлското сонце
а фотоапаратите светкаат и треперат.

Лицето на калуѓерката е врамено во горниот
прозорец на црквата. Очите со одобрување
му нудат совршенство на парот што влегува во Мерцедес
и заминува на патувањето на својот живот
меѓу крвта на земјата и мирот на морето.

Во тишината по сватовите, еден тенисер
удира со рекетот. Пред едно кафуле
двајца мажи палат цигари, некаде рика некој мотор,
а тие подигаат мали филџани со црно кафе
му наздравуваат на крајот на војната.

АвторТим Филипс
2018-08-21T17:21:31+00:00 јули 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 43|