По војна

По војна

Насетувања
Воз во снегот
Куфер
Шаблони
Верба
По војна

Сказалките на дрвјата што
Отчукуваа по лицето на снегот
Први нè маѓепсаа.
Потем мина едно село, сосем ненајавено,
Некои чудни гробишта нè изненадија.
Венците зашеќерени со мразулци
Ни се покажаа како да се наши,
Потем ги снема. И така сите заклучивме:
Возот излетал од шините!

Некој кажа несолена шега,
Веќе не беше смешна – го демолиравме
Станот на неговите. Потем
Сите станавме пријатели, си кажавме
Тестаменти и последни желби
Без ронка надеж да ги исполниме.
Се сетив на браќата Маркс тргнати на запад,
Со дрво од вагоните ја ложеа окомотивата,
Како да му ги пикаат нозете в уста на огнот.

Возот се занесе по една надолнина,
Загриза право в шума, од полето исече парче
Како прв рез во свадбена торта,
Зализган, загрофтан, па запре.

Се рашетавме надвор, во паузата,
До колена в снег, без здив
Како исплашени овци.
Едно јато врани се довлечкаа низ полето
Слетани на едно блиско дрво,
Станаа ноти на искривено петолиние.
Од време на време се кострешеа
Де четвртинки де осминки
Или паѓаа на земја, исфрлени од мелодијата.
Немаше што друго да се прави, ја гледаме нивната музика
А тие не пуштија ни глас.

АвторТим Филипс
2018-08-21T17:21:31+00:00 јули 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 43|