КАКО АНГЕЛ
како ангел
како пеперутка
да полетам кон светлината
и да заборавам
босите мои стапала
ја чувствуваат студената прозорска рамка
над мене е небото
доволно е само да ги подигнам рацете
да ги раширам крилјата
и да запловам заедно со ветрот
иако од другата страна
е исто така само темнина?