Песни

ОГЛЕДАЛА
ОЧЕКУВАЊЕ
БИДГОШКАТА ВЕНЕЦИЈА
ПУСТА ПЛАЖА
АУРОРА БОРЕАЛИС
МАРАТОН
КОГА МИ ГИ БАКНУВАШ СТАПАЛАТА
КАКО АНГЕЛ


 

БИДГОШКАТА ВЕНЕЦИЈА

 

темното пиво на реката Брда

е со многу поразличен вкус

отколку во чешка Прага

тоа е мазно

како алгите што ги носи потокот

и горчина на разделба

 

мостовите тешки од катанците

како и во Венеција

ги поврзуваат бреговите со отворен лак

 

осамената клупа на шеталиштето

гледа во неделните рибари

упорно ги чека

уморните минувачи

или нестрпливите љубовници

 

врбите се огледувaат во реката

ветрот им ги чешла долгите зелени коси

 

и јас се огледувам во водата

можеби таа ќе ме запамети

АвторКалина Изабела Зиола
2024-01-28T12:58:38+00:00 јануари 20th, 2024|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 152|