ПУСТА ПЛАЖА
денес само брановите
ги милуваат стапалата на моите нозе
Уште еден
го мие твоето име
од песокот
меѓу скршените школки
слабо видливите траги
исчезнуваат
над главата го слушам
смевот на судбината
а можеби тоа се само галебите
што се натпеваат со ветрот
Зад себе оставам уште една
пуста плажа