Калина Изабела Зиола

//Калина Изабела Зиола
Калина Изабела Зиола 2024-01-31T17:02:05+00:00

Project Description

Калина Изабела Зиола – полска поетеса, преведувачка, литературна критичарка. Објавила 20 поетски книги (од кои осум на странски јазици) и една критичко-есеистичка публикација.

Нејзините песни се преведувани на англиски, германски, руски, украински, француски, италијански и многу други јазици. Учествувала на меѓународни поетски фестивали и конференции, како во земјата така и во странство. Добитник е на национални и меѓународни книжевни награди. Член е на Сојузот на полските писатели, на Светската асоцијација на
поети Poetas del Mundo и почесен член на Друштвото на ерменските писатели, Друштвото на независните бугарски писатели, Друштвото на писатели на Македонија, Друштвото на хрватските писатели, Друштвото на украинските писатели.

Член е на Советот на Европскиот медал за поезија и уметност „Хомер“.

Related Articles