Господинот Денес, тоа патетично суштество знаеше:
денес вие јадете од мојата душа
и од моето срце што лае.
Пламенот на мојот дух е висок и дарежлив.
Мојот гениј е светлина во срцето на семирот,
но мојот удел во тоа е придонес на гадинка.
Ништо сум, а светлината е сè.
Зелениот живот на билките го допира
последното катче на радоста стишена,
тоа е малечок дар што го давам.
Почивам во мир во најголемата длабочина на отсутноста на тишината.
Братислава, 15.10.99