Во тишината на празната соба
почувствував како во мене врие
машка сила и ја пружа устата
жедна во глувиот воздух.
Господинот Денес и понатаму размислуваше
се губеше во нејасни мисли
и пак налетуваше на тенка трага од чад,
расклопен на парчиња живот
и на прачиња на претенок шум
кои несредено се беа испомешале меѓу себе
како детски коцки.