Не се гради куќа врз збирки есцајг
иако некоја лажица повеќе
понекогаш добро доаѓа.
Не се гради куќа врз нови завеси
иако различните погледи
од време на време
треба да се скријат со ново платно.
За домот да биде дом, меѓу останатото
ти треба и многу од тоа
од што однапред
би се откажал, многу лесно.
Слушај што кажуваат Ескимите:
за да се изгради добро игло
со години мораш да носиш
снег во чевлите.
И шпенадла, заборавена
во јаката од капутот,
блиску до вратната жила.