Космополис

Космополис

Космополис за Јосип Ости, Сараево – Љубљана
Безгранична соба
На ретките пријатели
Морска верност
Очевидец во градината
Последен излез
Колумбо
Отрезнување

Улицата на слободата се извива нагоре, ги ширам ноздрите,
Дуинскиот замок и стрмите карпи внимателно ги душкам,
за да се загубам во земјата, која по мене копнее
како и јас по неа, едвај малку поинакво од ритамот
кој книгата на времето од дамнина го одредува, неодминлив
мирис на алги и бреме од сништа, кое од темнината на морето
мириса и од џбунот диви ружи, кој зад себе
го оставам, додека се искачувам, тврдината чека,
тивко збивта како доверливо животно на која многу
î останува скриено, полумракот на украдениот ден,
и во него, гледај, точно онде каде вниманието
на камерата не досега, како таму се шират нозе,
како влажната моќ на мисијата не прави разлика
помеѓу бокал и шолјата, гледај, како далеку
од сигурната форма оставам да ме заведе, божем
од врвот на кулата, која со мака ја освоив,
па патот кој води само надолу, во меката длабочина,
каде прогонството започна, се спуштам,
трескавично, божем нешто ќе пропуштам,
божем мигот, во кој тонам,
трае отсекогаш, како верноста на магнетот.

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|