Космополис

Космополис

Космополис за Јосип Ости, Сараево – Љубљана
Безгранична соба
На ретките пријатели
Морска верност
Очевидец во градината
Последен излез
Колумбо
Отрезнување

Кротко кормило сум во твоите раце,
фитил од восочна свеќа, кој едвај знае,
ако и воопшто, да се запали без твојот
знак. Пред тебе стапувам, како што
веќе стапиле многу, со забрзан пулс
во вените и подготвен, иако иднината
само накусо ми светнува, дека ќе се удавам
во длабочините на океанот и коралите
слатко ќе ги гризам на песочното дно:
кажи само збор и оловото ќе профучи сè
до дното, каде трепетот кон спасение води.
Едвај уште пркосам, како Мојсеј пред
разбрануваната водна површина, која делбата
нетрпеливо ја чека и прекрива сè, што било,
со кобната нежност на заборавот, ме примамува
со мирисот, бојата и обликот, за со последни
сили, до работ полн, да ти ја растргнам
наметката со заби и како каравела,
која без компас и без екипаж самата го наоѓа
местото во домашниот пристан, се одѕивам на твојот указ
и средиштето да ти го претворам во лагуна од мојата плунка.

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|